
Финска и Украина потпишаа билатерален договор за соработка во областа на одбраната, соопшти денеска финското Министерство за одбрана.
Како што е соопштено, двете земји се согласиле да ја продлабочат соработката на полето на одбраната, вклучително и во вооружувањето, размената на разузнавачки информации и производството на муниција.
Финското Министерство за одбрана најави и дека ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина, вреден околу 200 милиони евра, кој вклучува артилериска муниција.