НОВИ АПСЕЊА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, ИСТРАГАТА СЕ ПРОШИРУВА ЗА 23 ЛИЦА - дали се уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини и Беким Незири

Објавено во: Македонија 12 Април, 2025 10:44
Во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 61 лице, полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН, пренесува 360 степени.
Според информациите објавени на порталот 360 степени, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка, се наведува во информацијата.
Според начинот на кој Обвинителство ја води истрагата, сомневањата се дека во Министерство за економија и во ДЗС, но не и кај раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), постои причинско-последична врска од 2012 г. до моментот на пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.
Според информациите на 360 степени, сите што биле министри за економија и директори на ДЗС од 2012 година, вклучително и актуелниот директор на ДЗС, се уапсени. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не е осомничен.
Во ОЈО Кочани во тек е истражна постапка во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март.
Од обвинителството потврдија.
„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, велат оттаму.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија
