
Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на рускиот хокеар Александар Овечкин, кој во неделата стана најдобар стрелец во историјата на северноамериканската национална хокеарска лига (НХЛ).
„Ги надминавте легендарните мајстори по бројот на постигнати голови на редовните натпревари во НХЛ. Освоивте светски и национални турнири, и многу други големи, единствени достигнувања кои влегоа во аналите на националната хокеарска школа. Без сомнение, ова достигнување стана не само ваш личен успех, туку и вистинска прослава за навивачите во Русија и во странство“, рече Путин.
Овечкин стана најдобар стрелец на сите времиња во историјата на НХЛ лигата во неделата, откако го постигна својот 895-ти гол за Вашингтон Капиталс во двомечот против Њу Јорк Ајландерс.
Со тој гол 39-годишниот Русин го собори рекордот кој го држеше легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки, кој сѐ уште е рекордер по бројот на поени (голови + асистенции), со 2.857.
Грецки, кој според многумина е најдобар хокеар на сите времиња, е рекордер од 1994 година, кога го престигна претходниот рекордер, исто така легендарниот играч Горди Хау.
Овечкин е роден во Москва во 1985 година, кариерата ја започна во московскиот клуб Динамо, а во 2004 година како прв пик на драфтот го зема Вашингтон Капиталс. Во 2018 година го освои Стенли купот во дресот на Капиталс, како шампион во НХЛ.
Овечкин игра во НХЛ од 2005 година, сево ова време го помина во Вашингтон Капиталс. Во текот на неговата кариера, тој беше награден со титулата најдобар дебитант (Трофеј Калдер), стана најдобар стрелец на регуларниот дел од сезоната (Трофеј Арт Рос), девет пати беше најдобар стелец (Трофеј Морис Ричард), трипати беше прогласен за најкорисен играч на сезоната (Трофеј Харт) и најдобрар играч на сезоната според здружението на хикеарите во НХЛ лигата хокеј најдобар играч на НХЛ (Тед Линдзи Авард), како и најдобар играч на плејофот (ТРофеј Кон Смајти).