„Кога на луѓето му дадете слобода да прават што сакаат, тие обично се имитираат еди со други“ – Ерик Хофер.
Секој од до нас о своето искуство на интеракции си другите луѓе може да издвои некоја прилика во која ќе се чувствува пријатно во таа група. Било да е личноста интровертна повлечена во себе и склона кон интимни дружања или екстровертна и свртена кон побројно друштво. Прифатеноста во групата создава пријатно чувство на припадсност и заштита. Личноста секогаш тежи да се вклопи, за да се почуствува како дел на група, равноправен член, за да го спречи чувство на отфрленост. Таа подготвеност да се прифати мислењето и однесувањето на другите луѓе, членови на групата ка која поединецот припаѓа, а да за тоа нема рационални причини ниту присила се вика конформирање. Многу психолошки експерименти го докажале конформирањето, најпазнат е оној на психологот Аш
Што е конформизам
Кај конформирањето не постои никаква агресивна присила за прифаќање на групната динамика и принципи. Личноста се кон нешто конформира (прилагодува, се стопува) само од причини што некој друг, за личноста значаен, или групата сама по себе, така размислува или прави. Иако постојат индивидуални разлики меѓу луѓето во подготвеноста на конформирање, тоа е во основа општа картактеристика на сите луѓе и силна движечка сила.
Зошто се конформираме?
„Се согласив, ќе бидам се што сакаат…“ („Pristao sam, biću sve što hoće“ – Бело Дугме)
Повеќе фактори влијаат на подготвеноста на конформирање: возраст- децата и младите почесто и поинтензивно се конформираат од возрасните личности. Причина е недоволна еоционална и социјална зрелост, и важоста на врсничката група за формирање на идентитетот и надминување на адолесцентната криза во тоа развојана фаза доба.
-Пол – жените се повеќе склони кон конформирање од мажите
-Степен на нејаснотија на ситуацијата – доколку ситуацијата е понејасна, конформирањето е поголемо.
-Степенот на единственост на групата- колку што е групата поединствена, конформирањето е поголемо.Црти на личноста
Секој од нас има своја причина зошто може да подлежи на конформирање, со која веројатност и колку интензивно. На тоа влијае на нашите особини на личноста.
Помалку се конформираат
-Личности кои се самостални со изградени граници спрема надвор, идентитетот и интергритетот на личнста, поинтелегентните личности се помалку склони кон конформизам, личностите со поголема самодеоверба и самопочитување, и оние кои себеси се сметаат за покомпетентни за нив помала е веројатноста да станат конформисти.
Други фактори
-Привлечноста на групата за поединецот- Колку повеќе поединецот ја перцепитра групата како попривлечна конформирањето е поголемо.
-Јавно или приватно изјаснување- конформирањето е поголемо во ситуации кога личноста јавно и во група треба да го изнесе своето мислење или да го потврди ставот на групата, отколку во случаи кога разговара со блиска личност, родител или размислува сама во себе.
Како да се одолее на притисокот на групата? Совети
Постојат поивеќе начини за да се одолее на заводливиот притисок на групата кој на дланка ви ги дава своите правила и ставови кои не морате критички да ги анализирате и разматрате.
Еве некои од нив: Информирајте се. Немојте да бидете мрзеливи и пасивни. Учете по пат на откривање и сами да доаѓате до закључоци. Самостално формирање на ставови повредно е и поавтентично од прифаќање на готови, однапред дефинирани. Доколку ве влече да прифаќате одредедени групни вредности, ако ве чини посигурни и позаштитени да верувате во одредена работа во која верува поголем дел, пронајдете нешто автентично што на тоа верување ве покренува. Согледајте ги групните ставови и вредности од сите страни и информирајте се за причините за нив. Посебно е важно да имате свое образложание , бидејќи тоа не прави сепак само дел на групата, фигура од позади, а не позадина. Немојте да се плашите да истапите напред од толпата
Луѓето често му е напријатно да се истакнуваат и да бидат поинакви од другите, кога влијанието на групата е силен, и кога понекогаш е ненормално да се спротиставиш. Доколку вашиот став е поинаков, и од биоо која причина чувствувате дека не треба да се сложите, немојте да се предавете и да молчите. Впрочем, не е неопходно да јавно истапите и да се спротиставите. Доволно е да останете верни на себе и на своето чувство. А ако дојде до ситуација кога од вас се очекува да го потврдите ставот на групата која не ја подржувате, објаснете го својот, од своја точка на гледиште.