Кочанската трагедија - повод за партиски препукувања
Истрагата во Кочани мора да биде не селективна и не може во неа да не подлежат на одговорност и актуелни функционери реагираат и денеска од Бихаќка откако вчера во гостување на ТВ 24 екс министерот за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ Оливер Спасовски наметна повеќе прашања како и оние зошто во дискотеката Пулс имало малолетници а во однос на безбедноста реагираше и посочи дека пропустите се во МВР, кои како институција знаеле дека дискотеката функционира и покрај сите пропусти кои по немилиот настан беа детектирани .
Премиерот Мицкоски пак и денеска во својот говор на настанот по повод 5 години од членството на земјата во НАТО алијансата осврнувајќи се на актуелните теми но и трагедијата во Кочани која зема уште една жртва и бројот се искачи на 60 посочи дека истрагата продолжува и мора да даде резултати .
Опозиоциските партии веќе посочија дека не ја исклучуваат можноста да иницираат формирање на собраниско тело кое ќе работи на истрагата а по лидерската која ја имаа Филипче и Мицкоски беше одлучено да и се даде време и простор на истрагата но доколку не ги даде очекуваните резултати да се пристапи кон формирање на работна група . ДУИ пак веќе бараше собраниска комисија која би работела под меѓународен мониторинг додека од ВМРО ДПМНЕ пак бараа таа да биде со прошиен опсег и во неа да влезат и истрагите од модуларната болница и други настани како Беса транс , Дурмо турс .