Полека Охрид започнува да ја раздвижува фестивалската сцена во градот. Од оваа недела започнуваат фолклорните фестивалски случувања во центарот на Охрид вообичаено наспроти охридската пошта. Прв завеста ќе ја подигне фолклорниот фестивал “Охридски бранови“ на кој свои настапи ќе имаат гости од Романија како и домашни фолклорни групи.
Денес посебно впечатлив настап имаше фолкорната група од Романија кој шетајќи низ стариот дел на градот , на Античкиот театар изведоа кратка фолклорна точка со која ќе настапат утре.
Фолклорниот фестивал „Охридски бранови“ ќе се одржи утре на платото спроти поштата со почеток во 12 часот, a домаќин на фестивалот е КУД „Охриѓанка “ Охрид.
