• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер има нов тренер, тоа е Срѓан Захариевски, а тој нема да може да смета на двајца играчи во периодот кој што следи за подготовка за пролетната полусезона.
Клубот информира дека официјално ја прекина соработката со Александар Катаниќ, а исто така и Михаил Талевски не е повеќе член на Пелистер, иако клубот настојуваше да тој остане во Битола.
Од таборот на пелистерци им се заблагодарија на играчите за придонесот во Првата македонска фудбалска лига и Купот на Македонија и им посакаа среќа во кариерите.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.