Претседателот Доналд Трамп изјави дека големите корпорации не се загрижени поради неговата голема царинска кампања, која предизвика најголем пад на акциите од пандемијата ковид-19, и навести дека корпорациите се повеќе фокусирани на законодавниот пакет кој би го забрзал обновувањето на неговите даночни олеснувања од 2017 година.
„Големиот бизнис не е загрижен поради царините, бидејќи знаат дека тие ќе останат, но се фокусирани на ГОЛЕМИОТ, ПРЕКРАСЕН ДОГОВОР, кој ќе ја СУПЕРНАПОЛНИ нашата економија. Многу важно. Се случува токму сега!!!“, објави Трамп во петокот вечерта на својата социјална мрежа Трут (Truth Social).
Американскиот Сенат во петокот гласа за републиканскиот буџетски предлог, што е најновиот чекор во повеќеслојниот процес на продолжување на даночните олеснувања кои истекуваат на крајот на оваа година. Законодавците сè уште не се соочиле со најтешките одлуки, вклучувајќи кои програми за трошење да се намалат и на кои даночни олеснувања да им се даде предност.
Кинеските власти соопштија дека ќе започнат истрага за медицински CT рендген цевки увезени од САД и Индија и ќе го стопираат увозот на производи од живина од две американски компании.
Увозните давачки на Трамп и зголемениот песимизам на потрошувачите го зголемуваат ризикот од економска контракција, велат аналитичарите
04.04.2025
Реакција на државите на царините на Трамп
Претходно во петокот, Трамп го осуди потегот на Кина која воведе царина од 34 проценти на сите американски производи како одговор на неговите реципрочни царини, кои ги зголемија давачките на кинескиот увоз на најмалку 54 проценти. Оваа размена на потези предизвика стравувања дека трговскиот конфликт може да ескалира и да ја турне светската економија во рецесија.
„КИНА ИГРА ПОГРЕШНО, ИСПАНИЧИ – ТОА Е ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА КОЈА НЕ МОЖАТ ДА СИ ЈА ДОЗВОЛАТ!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Американскиот претседател не најави понатамошни мерки против Кина, но претходно вети дека, ако другите земји ги зголемат царините како одговор на неговите нови мерки, и тој ќе го направи истото. Белата куќа не ја појасни дополнително објавата на Трамп.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Трамп исто така на својата социјална страница наведе дека разговарал со виетнамскиот лидер То Лам, додавајќи дека Лам му рекол дека Виетнам сака да ги намали своите царини на НУЛА ако се договорат со САД. Трамп воведе царина од 46 проценти на виетнамската стока, која треба да стапи на сила на 9 април.
„Му се заблагодарив во име на нашата земја и реков дека се радувам за претстојната средба“, рече американскиот претседател пред да отпатува во својот голф клуб во Вест Палм Бич на Флорида.
Земјите размислуваат како да одговорат на најновите царински ограничувања на Трамп, кои ги подигнаа американските царини на највисоко ниво во последните 100 години и зададоа тежок удар на поствоениот глобален трговски систем кој Трамп долго го критикува како неправеден.
Додека Кина одговори со царини на американската стока, Камбоџа понуди намалување на своите во обид да го убеди Трамп да не воведе царина од 49 проценти за земјата - една од највисоките стапки за било која азиска економија.
Високи претставници на администрацијата, вклучувајќи го и самиот претседател, испраќаат противречни пораки за можноста американските трговски партнери да постигнат договори за намалување на новите царини, но Трамп во петокот стави до знаење дека има малку простор за преговори.
„ЗА МНОГУ ИНВЕСТИТОРИ КОИ ДОАЃААТ ВО САД И ВЛОЖУВААТ ОГРОМНИ СУМИ НА ПАРИ, МОЈАТА ПОЛИТИКА НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ. ОВА Е ВРЕМЕ ЗА ЗБОГАТУВАЊЕ, ПОБОГАТИ ОД КОГА И ДА БИЛО ПРЕТХОДНО!!!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Depositphotos
Каков е планот?
Американските акции повторно паднаа во петокот. Референтниот индекс S&P 500 се сруши за шест проценти, заклучувајќи го најголемиот дводневен пад од почетокот на пандемијата во март 2020 година, бришејќи околу пет билиони долари во вредност.
И покрај потресите на пазарот, претседателот е охрабрен од податоците за вработеност за март, кои ги надминаа очекувањата – бројот на работни места надвор од земјоделството се зголеми за 228.000. Тие податоци се одраз на вработувањето пред најавата на неговата царинска политика.
„ОДЛИЧНИ БРОЈКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, МНОГУ ПОДОБРИ ОД ОЧЕКУВАЊАТА. ВЕЌЕ ДЕЛУВА“, напиша претседателот во друга објава на социјалните мрежи во петокот.
Дополнителна сложеност за странските лидери и бизнисмени претставува неодлучноста на Трамп и противречните пораки за подготвеноста за преговори за намалување на големината и обемот на неговите царини. Доцна во четвртокот Трамп навести дека би бил подготвен да ги намали царините ако другите земји му понудат нешто "феноменално".
Трамп и неговите најблиски советници тврдат дека сметаат на царините - вклучувајќи ја минималната давачка од 10 проценти за сите трговски партнери на САД - за да поттикнат домашни инвестиции на компании кои сакаат да избегнат даноци на увоз. „Давањето исклучоци би можело да го поткопа деловниот аргумент за инвестирање во американското производство“, рече трговскиот советник на Белата куќа, Питер Наваро, во интервју за CNBC во четвртокот.
Трамп одделно сподели тикток видео од друг корисник во кое се тврди дека тој „намерно го руши пазарот“ за 20 проценти како дел од голема стратегија со која сака да ги натера Федералните резерви да „ги намалат каматните стапки“. Видеото тврди дека царините ќе ги принудат компаниите да инвестираат во Америка и ќе ги натераат земјоделците да „продаваат повеќе од своите производи тука во САД за да се намалат цените на храната“.
На новонаметнатите царини од американскиот претседател Доналд Трамп, кои сега достигнаа дури 104 проценти, Кина возврати со нова одмазда - царини од 84 отсто за сите американски производи.
„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.
Анализиравме како македонските компании гледаат на новата реалност и дали има опасност по македонската економија доколку Трамп повторно ја разгори трговската војна по тримесечниот мораториум.
„СП Глобал Рејтингс“ во февруари предупреди дека Виктор Орбан се коцка со здравјето на унгарската економија со удвојување на трошоците пред изборите следната година.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.