Бизнис

ИТАЛИЈА ВО ОДБРАНА НА ТУРИЗМОТ ОД ЛАЖНИ И ЗЛОНАМЕРНИ РЕЦЕНЗИИ ОД ТУРИСТИТЕ

28.03.2025

Италија се соочува со проблемoт од давање на погрешни и со злонамерни критики од туристите, поради што воведува нови правила кои бараат доказ за посета и забрануваат поттикнување на позитивни коментари.

-  Ова е важен чекор во заштитата на нашите бизниси. Прегледите, кои благодарение на оваа регулаторна интервенција всушност ќе бидат вистинити, се од суштинско значење за успехот на компаниите и за довербата на потрошувачите и туристите, вели Даниела Сантаче, министерка за туризам на Италија, презентирајќи го новиот нацрт-закон.

Според податоците на италијанското министерство,  лажните или манипулираните содржини влијаат од  шест до 30 отсто од приходите на бизнисите во секторот туризам и угостителство.

Италијанската влада во јануари предложи нацрт-закон со кој ќе се стави крај на погрешните или штетни интернет прегледи за хотели, ресторани и туристички атракции во земјата.

Нацрт-законот, кој сè уште треба да го одобри парламентот, ќе бара од секој што сака да напише преглед  да ја докаже својата посета на одреден објект, како што е потврда за платена услуга и да обезбеди проверлива идентификација.

Своите импресии од престојот на туристите  ќе треба да се напишат во рок од 15 дена од посетата и треба да бидат детални, транспарентни и соодветно да го опишуваат искуството.

Предлог-законот забранува практика на платени или поттикнати критики, како што е нудење бесплатни работи на гостите во замена за позитивни оценки и продажба на содржина.

Исто така, се дозволува право на одговор на коментари, при што компаниите ќе можат да побараат нивно отстранување доколку се сметаат за лажни или погрешни.

Компаниите ќе можат да побараат отстранување на рецензиите кои се постари од две години, како и оние кои веќе не се релевантни (на пример, коментар за хотел кој нема лифт, кој сега е инсталиран), пишува Еуроњуз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО