фото Бизниспро

Еврозоната бележи само една милијарда евра трговски суфицит во јануари

Првичните прелиминарни проценки покажуваат дека еврозоната во јануари забележала само милијарда евра суфицит во стоковната размена со остатокот од светот, објави денеска Евростат.

Вредноста на извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во јануари изнесува 232,6 милијарди евра, што претставува раст од три отсто на годишно ниво, додека увозот во исто време е зголемен за 7,6 отсто на годишно ниво на 231,5 милијарди евра.

Вредноста на извозот на стоки од Европската унија во остатокот од светот во јануари изнесува 208,7 милијарди евра, што е за 4,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, додека вредноста на увозот во ЕУ е зголемена за 10,9 отсто на годишно ниво, на 214,1 милијарди евра.

Вредноста на извозот од Европската унија во САД, кој во моментов е во центарот на вниманието поради можните царини на Трамп, се зголеми за 16 отсто на годишно ниво на 46,7 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира...

Значителен пад на цените на горивата – еве ги новите цени

BiznisPRO

Кроација ерлајнс во минус за речиси 20 милиони евра

BiznisPRO

Пензиите преку оваа банка ќе станат достапни веќе в понеделник

BiznisPRO