На 09.02.2025 во 20.20 часот во угостителски објект на ул.„Александар Турунџев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 44 и 42 години двајцата од Битола, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување, а притоа едното лице физички ги нападнала полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.