Освен анализите на општината дека водата во Крива Река е сериозно загадена и неупотреблива за било која намена што ги правеше акредитирана лабораторија. И анализите на Институтот за јавно здравје Куманово спроведени на барање на риболовното здружение „Мрена“ дадоа сличнен резултат. Ова го објави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, и побара итна реакција од надлежните институции, потенцирајќи дека резултатите од испитувањата се алармантни.
„Имаме присуство на повеќе дозволеното на манган, цинк, олово и кадмиум и во самото стручно мислење, според извршените анализи, оваа вода во моментот спаѓа во 5-та класа од уредбата за класификација на водите, каде што прописите за физичко, хемиска анализа поради зголемено присуство на содржината на олово. Дополнително, според присуството на манган, цинк и кадиум, спаѓа во 3-та класа или според оној правилник кој што го има оваа вода не може да се употребува за никаква друга намена,пред соодветна обработка“, изјави Сашко Митовски, градоначалник на општина Крива Паланка
Вчера, пак, од фирмата „Булмак 2016“ тврдеа дека нивните лабораториски анализи не го утврдиле истото што и анализите на кои се повикува општината.
Јавното обвинителство презема дејствија во предистражана постапка со цел да се испита дали има евентуална кривична одговорност при загадувањето на Крива Река од рудникот „Тораница“ чиј концесионер е фирмата „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип..
Директорот вели не бил повикан на разговор и смета дека градоначалникот е тој кој што треба да биде повикан. Градоначалникот поднесе кривична пријава за директорот Тоневски.
Симона Петровска