Во Кавадарци работилница „Младите и климатските промени“
- Да пешачат што е можно повеќе за здрав живот, а истовремено да придонесат за помало загадување и позитивно да одговорат на климатските промени, тоа е нешто што можат да направат младите за заедницата, да преземат иницијативи за поеколошка животна средина. Ова, меѓу другото, беше еден од предлозите за борба против климатските промени, даден на денешната работилница насловена „Младите и климатските промени“ во Кавадарци. Присутните се согласија дека тоа е наједноставното нешто, со што младите можат да придонесат за општеството.

Кавадарци, 4 март 2025 (МИА) - Да пешачат што е можно повеќе за здрав живот, а истовремено да придонесат за помало загадување и позитивно да одговорат на климатските промени, тоа е нешто што можат да направат младите за заедницата, да преземат иницијативи за поеколошка животна средина. Ова, меѓу другото, беше еден од предлозите за борба против климатските промени, даден на денешната работилница насловена „Младите и климатските промени“ во Кавадарци. Присутните се согласија дека тоа е наједноставното нешто, со што младите можат да придонесат за општеството.
- Се работи за активност планирана во рамки на стратешката цел на Национален совет за родова рамноправност НСРР, поврзана со жените и процесите на адаптација кон климатски промени. Во текот на овој месец, три регионални канцеларии, меѓу кои и нашата во Кавадарци, во соработка со извршната канцеларија на НСРР, организираат работилници, информативни сесии, дискусии, креативни работилници или обуки наменета за млади жени и девојки, појасни за МИА, Благица Коцева Тодорова, претседател на Здружение за родова еднаквост, „Визија“ од Кавадарци.
Таа истакна дека целта е да го зголемат нивото на свесност за климатските промени и нивното влијание врз младите жени и девојки.
- Да се поттикне активна вклученост на младите во процесите на адаптација кон климатските промени. Да се обезбедат знаење и алатки за иницирање на позитивни еколошки промени во заедницата, подвлече Коцева Тодорова.
Таа нагласи дека климатските промени и негативните ефекти од нив се глобална закана и дека е многу важно да се алармираат сите субјекти, со цел секој да го даде својот придонес кон намалување на последиците. свд/са/
Фото: МИА