Полска со пет интернационалки на двомеч со Македонија

Селекторот на Полска, Арне Сенстад, го соопшти списокот на ракометарки со кои Полска ќе оди на двомеч со дамите од Македонија во рамки на баражот за Светското првенство (СП) оваа година.

Меѓу повиканите доминираат ракометарки од полскиот шампионат, а пет се интернационалки. Од нив, три играат во Романија, додека две се во Франција и Германија.

Балсам Магда (Лублин)
Циган Катаржина (ПР Гниезно)
Дражик Магдалена (Гмини Кобиержице)
Грабинска Клаудиа (ЕКС Старт)
Кобилинска Моника (ЦСМ Букурешт, Романија)
Кочанјак-Сала Каролина (Заглебје)
Матушчук Силвија (Лублин)
Михалак Дарја (Дунареа Браила, Романија)
Ночун Дагмара (Глорија Бистрица, Романија)
Олек Александра (Лублин)
Плашчек Адриана (Париз 92, Франција)
Промис Анета (Заглебје)
Росиак Александра (Лублин)
Ушчинович Паулина (Солинген-Графррат 76, Германија)
Вдовјак Паулина (Лублин)
Зима Барбара (Заглебје)

Во тимот на Полска за двомечот со Македонија има и уште тринаесет резерви, кои тренерот ќе ги повика по потреба. Полска ќе ја дочека Македонија во Кошалин на 9 април, додека реваншот е три дена подоцна во Битола.

ФОТО: Handball Polska