Свет По две години војна

Суданските паравоени сили најавуваат создавање ривалска влада

Војната во Судан започна како борба за моќ меѓу „Силите за брза поддршка“ на Дагало и вооружените сили командувани од  претседателот на Судан, Абдел Фатах ал-Бурхан. Илјадници луѓе загинаа во конфликтот, а милиони ги напуштија своите родни места.

Суданските паравоени сили најавуваат создавање ривалска влада

Суданските паравоени сили најавија создавање ривалска влада по две години војна во земјата, јавија странските агенции.

Според водачот на паравоените „Сили за брза поддршка“, Мохамед Хамдан Дагало, кој е поранешен судански потпретседател, владата што ја објавија го претставува вистинското лице на Судан.

Војната во Судан започна како борба за моќ меѓу „Силите за брза поддршка“ на Дагало и вооружените сили командувани од  претседателот на Судан, Абдел Фатах ал-Бурхан. Илјадници луѓе загинаа во конфликтот, а милиони ги напуштија своите родни места.

Најавата за ривалска влада од страна на паравојските доаѓа набргу откако тие беа протерани од главниот град Картум. Откако го изгубија градот, тие ги фокусираа своите напади на Дарфур, во западниот дел на земјата, во обид да го заземат Ел Фашер, последниот главен град на провинцијата во тој регион.

Во неделата, паравоените сили објавија дека целосно го зазеле кампот „Замзам“ во Дарфур, каде живеат над 500.000 Суданци раселени поради конфликтот. (МИА)

To top