Лео Меси одигра уште еден натпревар за паметење во дресот на Интер Мајами, предводејќи го својот тим до билет за полуфиналето во КОНКАКАФ Купот. Интер имаше еден гол негатива од првиот дуел со Лос Анџелес, а кога гостите поведоа со 0-1 на реваншот, тимот на Меси беше на работ на елиминација бидејќи во ова натпреварување важи правилото за „гол во гости“, па на Меси и соиграчите им беа потребни три гола до крајот за да стигнат до посакуваниот резултат.
Тоа беше само мотив плус за Аргентинецот, кој блесна постигнувајќи фантастичен погодок од петнаесетина метри за израмнување на 1-1.
What a beauty from Messi and @InterMiamiCF
pic.twitter.com/eYI8V4NtRU
— FOX Soccer (@FOXSoccer) April 10, 2025
Тој момент ја врати самодовербата во домашниот тим, Интер поведе со 2-1, а потоа печат на големиот пресврт стави токму Меси, со гол од пенал против Хуго Љорис со кој го одведе својот тим во следната рунда.
Ривал на Интер Мајами во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Ванкувер и мексиканскиот состав Пумас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА