• Зоран Мишевски

Денес во Осло завршува тринеделното натпреварување со кое почна спортската 2025 година - Светското првенство во ракомет, чии организатори беа Данска, Норвешка и Хрватска. Завршните натпревари се играат во „Унити Арена“, а познати се и официјалните лица за натпреварот за третото место и големото финале.
Нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот за бронзен медал меѓу Франција и Португалија, Овој дуел почнува попладнево од 15:00 часот. Иако очекувавме да добијат уште едно финале, а со отсуденото на овој шампионат тоа го заслужија, македонските судии се делегирани за вториот најбитен натпревар на шампионатот.
За финалето меѓу Данска и Хрватска делегирани се шпанските арбитри Гарсија и Љоренте. Дуелот за златниот медал почнува попладнево од 18:00 часот.