ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

Објавено во: Македонија 31 Март, 2025 09:42
Опозиционерите од Левица со нови предлози во Собранието за подобрувње на работните услови за работниците. Поконкретно овој пат бараат исплатата на платите за работниците да биде до петти во месецот, а породилното отсуство да се зголеми од 9 на 18 месеци.
- После, за нас, неразумниот и неодговорен ‘платен распуст’ на пратениците, на седницата закажана за утре (вторник) ќе се најдат два предлог-закони поднесени од пратеничката група на Левица:
Задолжителна исплата на платата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот, затоа што работникот не смее да биде оставен во неизвесност, присилен да зема брзи кредити, да влегува во дозволени минуси или да се изложува на позајмици со високи камати додека чека половина месец за парите што чесно ги заработил;
Зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, со цел подобрување на социјалната и економската заштита на мајките и семејствата, нивно психофизичко закрепнување и развој, како и градење на здрава врска без страв од финансиска несигурност. Секое дете заслужува стабилен почеток во животот, а секоја мајка право на достоинствено мајчинство - пишува во соопштението на партијата испратено утрово до медиумите.
Додаваат дека овие предлог-закони се поднесени од пратеничката група на Левица, но посочуваат дека се произлезени директно од потребите на народот.
- Дополнително, овие законски решенија не претставуваат светски феномен, туку се компаративно познати и пожелни во други европски земји.
Оттука, доколку продолжи партиската суета на владејачкото мнозинство составено од ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ, и овие предлози не бидат изгласани - тоа ќе биде удар врз оние коишто им го дале мандатот, народот, а не врз Левица - нагласуваат од партијата.
Потоа потсетуваат дека досега мнозинството предводено од ДПМНЕ не гласаше за ниту еден предлог на Левица, и додаваат дека пратениците од владејачката коалиција без дебата и разумни контра-аргументи ги одбиваа сите предлози.
- Пратениците ги потсетуваме дека предлозите се во интерес на граѓаните, а не на политичките партии. Одбивањето на вакви законски решенија, само затоа што доаѓаат од Левица, не е политика - тоа е непочитување на работниците и семејствата пред кои секој пратеник одговара - нагласуваат опозиционерите.
Можеби ќе ве интересира
„БРАТ ДА МИ Е, ЌЕ ОДГОВАРА - Е НАЈГОЛЕМАТА ЛАГА“: остри критики против министерот за внатрешни

Гаши не се согласи да ги пушти родителите од Кочани на седница во Собрание

Тошковски: Не е точно дека полицајците не помагале кога се случил пожарот во Кочани

„ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ АЛАТКА ЗА КОМПАРАТИВНА СПОРЕДБА“: предлог за полесна споредба на цените во маркетите

„ПОЖАРОТ ГИ ЗЕДЕ ТЕЛАТА, СИСТЕМОТ ГИ УБИ ДУШИТЕ“ - почна протестот „Маршот на ангелите“ за жртвите од Кочани

На 12 фирми за продажба на пиротехника им било забрането да работат

Тошковски: Забранивме дронови да ги снимаат протестите поради безбедносен ризик

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР ГЕОРГИЕВСКИ НАЈАВУВА СВОЈ ПОТКАСТ: „Секој нов пост ме мотивира што поскоро да почнам“

„СЕ ГРИЖЕШЕ ДА УЧИМЕ ЗА ДА НАУЧИМЕ, НЕ САМО ДА ПОЛОЖИМЕ ИСПИТ“ - почина професорот Миле Димитровски од Машински факултет
