• Горан Упале
Српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ се пласира во третото коло на Грен слем турнирот Австралија опен во Мелбурн, откако го совлада Хуберт Хуркач од Полска со 3-0 (6-4, 6-4, 6-2).
За доминацијата што ја покажа тенисерот од Србија на мечот против седумнаесеттиот светски рекет јасно говори фактот што ривалот не направи ниту еден брејк и што мечот траеше само 108 минути. Следен ривал на Кецмановиќ на Австралија опен ќе биде подобриот од дуелот меѓу Данецот Холгер Руне и Италијанецот Матео Беретини.
Голема победа и пласман во следното коло забележа и ветеранот Гаел Монфилс, кој во три сета го совлада Германецот Даниел Алтмајер. По сетови беше 7-5, 6-3 и 7-6/3, а мечот траеше два часа и дваесет минути.
Трето коло обезбедија и четвртиот носител Тејлор Фриц со победата над Гарин од Чиле, како и Мусети кој беше поуспешен од Шоповалов.