Лидерите на Катар и Египет го повторија апсолутното отфрлање на раселувањето на Палестинците
- Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани денес го потврдија ставот дека апсолутно го отфрлаат раселувањето на Палестинците од нивната земја

КАИРО/АНКАРА (АА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани денес го потврдија ставот дека апсолутно го отфрлаат раселувањето на Палестинците од нивната земја, јавува Анадолу.
Двајцата лидери разговараа за време на средбата во Доха за најновите напори за враќање на договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Израел и Хамас, се вели во соопштението на египетското Претседателство.
Според соопштението, Сиси и Хамад размениле мислења за тоа како да се решат влошените хуманитарни услови во Газа преку обезбедување доволен проток на помош за Палестинците во енклавата.
Од 2 март Израел ги затвори премините на Газа, со што го блокира доставувањето на основните производи во енклавата.
Израелската армија, исто така, го обнови смртоносниот напад врз Газа на 18 март, со што го прекина договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.
Од октомври 2023 година досега во израелската офанзива во Газа убиени се речиси 51.000 Палестинци, најголем број жени и деца.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Покрај тоа, Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната против палестинската енклава.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.