Макпетрол најуспешен на Државното карате првенство
- Каратистите на Макпетрол освоија најмногу медали на Државното првенство за сениори одржано викендот во Скопје.

Скопје, 31 март 2025 (МИА) – Каратистите на Макпетрол освоија најмногу медали на Државното првенство за сениори одржано викендот во Скопје.
Тие освоија девет медали – 5 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.
На второто место се пласира Олимпик спорт 2007 исто така со девет медали од кои 4 златни, 3 сребрени и 1 бронзен.
Сансаи Метал Апостолов, Штип, Башкими и Фунакоши Гичин освоија по четири одличја.
Државното првенството имаше изборен карактер за место во македонската репрезентација која треба да настапи на следното Европско првенство. зс/
Фото: КК Макпетрол