Финансии / Банкарство
Централната банка на Шпанија ги повлекува банкнотите од 50 евра!
05.04.2025
Централната банка на Шпанија почна да ги повлекува банкнотите од 50 евра од оптек почнувајќи од април, поради тоа што голем број од нив се оштетени од мастилото што го испуштаат системите за заштита од кражба инсталирани во банкоматите, објавија шпанските медиуми.
Овие банкноти се најкористени во Шпанија, и со банкнотите од 20 евра, најчесто се фалсификуваат, а воедно се и најизложени на дејството на системот за заштита од кражба.
Безбедносниот систем против кражба е механизам кој се инсталира во банкоматите и кој ослободува специјално мастило за означување на банкнотата доколку открие обид за кражба, со што ја прави трајно неупотреблива.
Како што соопшти Централната банка на Шпанија, банкнотите од 50 евра повеќе не треба да се користат при никакви трансакции.
Целта на повлекувањето на оштетените банкноти е да се намали обемот на измами и употребата на фалсификувани пари пред доаѓањето на летото и туристичката сезона, кога се зголемува употребата на готовина.
Поголемиот дел од Шпанците, како што покажува последниот извештај на Централната банка, сè уште ги користат пешатените пари како примарен начин на плаќање, пренесува Еуроњуз.
фото freepic