Земјоделците во Општина Росоман можат да ги пријават штетите на културите што деновиве ги претрпеа од нискити утрински температури

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов објави јавен повик во којшто се повикуваат земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури, што го зафатија регионот пред неколку дена.
„Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на своите насади во просториите на Општината, пишува во јавниот повик.
Според објавениот повик, земјоделците потребно е достават барање за обештетување, копија од лична карта, изјава за веродостојност на податоци, изјава за согласност за користење на лични податоци и трансакциска сметка. Со сите овие документи се поднесуваат и доказ за основот на користење на земјиштето за насадите поточно решението за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, имотен лист, или договор за закуп заверен на нотар.
На проценка на штети не подлежат насади што се помлади од три години, насади што не се обработуваат и насади што веќе се осигурани за 2025 година, во осигурителни компании.
Убавка Јаневска
