ЕДИНАЕСЕТ ПАЦИЕНТИ НА ДОМАШНИТЕ КЛИНИКИ, УШТЕ 68 ВО СТРАНСТВО - се прават планови за долгорочно лекување на пациентите од Кочани (ОБНОВЕНО)

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 12:59
Се утврдуваат потреби за долгорочно лекувањена пациентите кои се на лекување во странство по повредите добиени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Се работи за нивно лекување во надворешни центри во втората фаза од процесот, информираше денеска доктор Игор Николов, контакт - лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.
Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или да дадат долгорочна рехабилитација и да водат пациенти.
- Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов - појасни Николов во изјава за МИА.
Шеесет и осум пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.
Од Министерството за здравство дополнуваат дека во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, бидејќи еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде има здравствено осигурување.
Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.
Од таму дополнуваат дека во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски", двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во „Систина".
- Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти - додаваат од МЗ.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.
Пред два дена почина и Александар Карадаковски, кој беше испратен на лекување во Литванија. Александар долги години работел во дискотеката како шанкер, а воедно во документацијата бил наведен и како управител.Тој почина поради директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Карадаковски кој се лекуваше во Литванија.
Можеби ќе ве интересира
КОЦЕВСКИ: Стигна одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

ТАРАВАРИ: Алијанса на Албанците дефинитивно на локални оди сама со свои кандидати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени уште седум полицајци за пожарот во Кочани

СРЦЕ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И РОЗИ: Затворот во Шутка им оддаде почит на загинатите во Кочани

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА И ОАE ПОТПИШАА ДВА ДОГОВОРИ: За какви соработки станува збор?

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Коцевски кажа дека уште седум лица ќе бидат приведени

ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

СПОМЕНИК ВО ЧЕСТ НА ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Некој ја одзел плочата во паркот „Жена борец“

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДИСКРЕЦИСКАТА МОЌ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ПРИ УНАПРЕДУВАЊЕ - антикорупционерите бараат законски измени
