Маж по 40 часа извлечен жив од разурната зграда по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар

Објавено во: Свет 30 Март, 2025 17:08
Спасувачките тимови од Сингапур и Мјанмар извлекоа жив маж откако околу 40 часа беше затрупан под урнатините на зградата. На спасувачите и на противпожарната служба им биле потребни околу 24 часа за да го извлечат човекот од урнатините.
Мажот бил заробен под урната 3-катна зграда. Машините мораа да дупчат низ бетонот за да го отстранат. Тој е во стабилна состојба и е пренесен во локалната болница.
Воените владетели на Мјанмар им дозволија на стотици странски спасувачи да влезат во земјата во саботата по најсмртоносната природна катастрофа што ја погоди сиромашната и разурната земја во последните години од граѓанска војна.
Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, уништи аеродроми, мостови и автопати во земјата од која се раселија милиони луѓе по граѓанските конфликти.
Според предвидливото моделирање на Американскиот геолошки институт, бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10.000 луѓе, а загубите да го надминат годишното економско производство на земјата.
Можеби ќе ве интересира
УКРАИНА И САД ЌЕ ПОТПИШАТ ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИТЕ: Трамп откри кога ќе се случи тоа

НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРИТЕ: Истражување покажа дека руски олигарси добиле српски државјанства

(ВИДЕО) ДОСЕГА ПОТВРДЕНИ ЧЕТИРИ ЖРТВИ: Се трага по 11 луѓе откако падна кабина од жичница во Италија

(ВИДЕО) ЖИЧНИЦА ПАДНА ВО ИТАЛИЈА: Неколку луѓе останаа во воздух и чекаат помош

ПРЕДЛОГ ОД ПРОПАГАНДИСТОТ НА ЛУКАШЕНКО: Дел од Полска да се спои со Белорусија

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА И ПАТИШТА: Дождовите направија проблеми во Италија и Швајцарија

БРОД СЕ ЗАПАЛИ И СЕ ПРЕВРТЕ ВО КОНГО: Загинаа најмалку 50 луѓе, спасувачите трагаат по исчезнати

ПЛАНИРАЛЕ ДА ЈА КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ЗГРАДАТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Украина уапси руски шпиони
