Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше почестена со изненадување од албанскиот премиер Еди Рама по нејзиното пристигнување на енергетскиот форум во Абу Даби, по повод нејзиниот роденден.
Мелони денеска полни 48 години, а роденденот го дочека работно, на пат. Сепак, во Абу Даби ја чекаше роденденско изненадување, кога колегата од Албанија и даде подарок.
Имено, како што може да се види на видеото кое кружи на интернет, Еди Рама клекнал пред неа и и подарил подарок.
Edi Rama - Giorgia Meloni - Abu Dhabi - Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9
— News video (@Newsvideo13) January 15, 2025
Насмеаната премиерка го прегрнала и со двете раце го прифатила подарокот. Кутијата содржела шамија, а Рама објаснил дека ја направил италијански производител кој се преселил во Албанија и станал албански државјанин.
Потоа и ја ставил марамата на главата, додека камерите снимале се. Исто така, Рама се обидел да ги натера новинарите заедно да испеат роденденска песна за Мелони.
„Не ги срамоти“, вели Мелони во еден момент.
Инаку, на овој самит, Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати во средата потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.