ДУИ: Зошто Владата ги крие релациите со агенцијата „Рубикон“ што го обезбедувала т.н. кабаре во Кочани
Зошто Владата ги крие релациите со агенцијата „Рубикон“, која го обезбедувала т.н. кабаре во Кочани вечерта кога се случи трагедијата, прашуваат денеска од Демократската унија за интеграција. Оттаму бараат целосна транспарентност за активностите на оваа агенција, која како што велат, била одговорна за безбедноста на т.н. кабаре во трагичната ноќ во Кочани. Затоа Владата има обврска да одговори кои се другите клиенти на ‘Рубикон‘. Дали имале регуларни безбедносни договори и лиценцирани обезбедувачи? Дали МВР некогаш извршило инспекција и контрола во оваа агенција? Дали оваа компанија се штити поради нејзините врски со власта? Дали е вистина дека агенцијата уценува компании да ја ангажираат, повикувајќи се на нивната блиска поврзаност со високи партиски авторитети?, се вели во соопштението на ДУИ.