Фудбалерите на Бодо/Глимт го победија Лацио (2:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.
Херој на норвешкиот тим беше Улрик Солтнес, кој погоди во 47. и 69. минута од играта.
На северот од Европа, домашниот тим ги искористи предностите, студеното време и вештачка подлога, имаа повеќе шанси и заслужено победија.
Солтнес го отвори второто полувреме со гол по асистенција на Оле Бломберг, а вториот гол беше уште поубав.
Јенс Хауге ја помести одбраната на небесно-сините, па Солтнес го лобуваше Христос Мандас.
Токму грчкиот голман го одбрани ударот на Один Лурас Бјортуфт во судиското надополнување и на тој начин ги сочува надежите на Лацио, дека во реваншот ќе може да ја надополни негативата.
Реваншот е закажан за една недела на „Олимпико“ во Рим.
— OvoOno (@OvoOnoX) April 10, 2025
— OvoOno (@OvoOnoX) April 10, 2025