Пристигна колекцијата на Викторија Бекам и Манго

24 април 2024

Уште кога ја најавија соработката се знаеше дека ќе биде софистицирана, минималистичка, безвременска и елегантна.

Токму тоа и се случи, Викторија Бекам и Манго на 23-ти април ја претставија капсулната колекција на која што работеа како тим.

Таа е веќе достапна онлајн и во одбрани продавници на шпанскиот бренд.

Викторија живееше во Шпанија пред 20 години, кога нејзиниот сопруг Дејвид играше за клубот Реал Мадрид, па оваа соработка изгледа како едно носталгично навраќање на тоа време.

Дизајнерката исто така изјави дека како инспирација за колекцијата и послужила легендарната актерка Џејн Биркин.

Црн сет од панталони и блејзер, совршено скроено бело одело, фустан со длабоко деколте на V израз, како и нежно розова слип тоалета се само дел од парчињата што произлегоа од нивната соработка.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MANGO (mango)

Фото: Victoria Beckham x Mango
Објавено:
24 април 2024
Категорија: 
Актуел