„ПОДГОТВУВАМЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПРЕМИЕРОТ“: Левица најавува нова тужба за попречување на правдата

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 14:44
Лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања:
- Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството - попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од Кривичниот законик.
Постојат разумни основи за сомневање дека постапката за разрешување на Јавниот обвинител на РМ е стопирана со цел да се насочи истрагата и, преку владино прикривање и влијание, да се спасат од прогон корумпираните кадри на ДПМНЕ кои биле на функција кога се случил кривично-правниот настан поврзан со пожарот во дискотеката во Кочани.
Корупцијата Убива. Правда за Кочани - напиша Апасиев.
Можеби ќе ве интересира
Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата

(ВИДЕО) Германски пожарникари возеа 3.000 километри за да му донираат противпожарно возило на Кочани

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив
