Лазаров го анализираше хрватскиот успех: „Во спортот не победува секогаш фаворитот, Французите потценија и погрешија!“

Хрватска по цели 16 години ќе игра финале на Светско првенство кога во 2009 година играше  против Франција во Загреб, на првенството на кое најдобар стрелец на турнирот беше најдобриот македонски ракометар во историјата а актуелен селектор Кире Лазаров.

Македонскиот селектор сега за „Т-портал“ го анализираше синоќешниот успех на Хрватите и големата победа над Франција во полуфиналето на СП 2025.

„Срдечни честитки. Хрватска сосема заслужено се пласираше во финалето. Овој натпревар е доказ дека во спортот не секогаш победува подобриот. Хрватска беше таа која повеќе ја сакаше победа, беше поборбена, но и добро подготвена за Франција. Многу работи се собраа и Хрватска заслужи да биде во финалето“ – истакна Лазаров, веднаш продолжувајќи:

„Едно е сигурно. Французите не очекуваа ваква Хрватска и тука погрешија. Тие се потпираа на индивидуалниот квалитет, но не го очекуваа ова. Не очекуваа таков тим. Денеска победи тимот и победи заедништвото. Не знам кој ќе игра во финалето, Португалија или Данска, но едно знам – кој и да дојде, нема да му биде лесно вака против Хрватска.“

Лазаров ни откри што згрешил Гијом Жил и зошто го загубил натпреварот.

„Секој натпревар е посебен. Секој противник е различен и не може да се игра постојано на ист начин. Хрватска имаше различна тактика на секој натпревар, додека Французите постојано се потпираа на испробан систем. Очекуваа хрватска одбрана од 5-1, но тешко ја срушија. Мислам дека не можеш така да скршиш одбрана 5-1 со двајца левичари, а мислам на Дика Мем и Ремили. Многу е тешко и додека тие 25 минути во првото полувреме се обидуваа да го најдат патот, Хрватска беше на +9, па тука се реши натпреварот. Во вториот дел се обидоа да се вратат со агресивна зона 3-3, но не успеаја. Уште еднаш честитки за Хрватска. Сите момци беа одлични, но јас би ги издвоил Мартиновиќ и Кузмановиќ. Одиграа прекрасно“ – заврши Лазаров.

Се вчитува...