• Иван Димовски

Првиот светски рекет Јаник Синер ја исполни својата цел и се пласира во второто коло на Австралија Опен без преголеми потешкотии. Италијанецот беше подобар од Николас Јари со 3-0 за час и 42 минути.
Чилеанецот пружи солиден отпор и првите два сета ги доведе до тај-брејк, а ги загуби со 7-2 и 7-5. Во третиот сет Синер беше далеку посигурен и со експресни 6-1 си ја заврши мисијата за второ коло каде што го очекува дуел со младиот австралиски тенисер Тристан Скулкејт.
Изненадување приреди Алекс Микелсен, бидејќи во четири сета го исфрли Стефанос Циципас (3-1). 20-годишниот Американец го надигра грчкиот фаворит и зеде голем скалп на стартот на турнирот. Првите два сета Микелсен ги доби со 7-5 и 6-3, а потоа Циципас врати со 6-2. Сепак, во четвртиот одново Американецот беше подобар и со 6-4 за два часа и 45 минути го затвори мечот во своја корист.
Во второто коло се пласираа и Тиафо, Карбаљес Баена, Боргеш, Марошан, Дакворт, Томпсон...