АктуелноОхрид

Кујтим Ибраим е првиот Египќанец кој стана член на Управниот одбор на ОУ „Братство Единство“ – Охрид

Египќаните кои се најбројна етничка заедница во ова основно училиште прв пат добија свој претставник во Управниот одбор на учичиштето.
На 53 Седница на Советот на Општина Охрид со 18 Гласа ЗА и 2 воздржани помина одлуката за именување на член на управен одбор во О.У Братство Единство Охрид .
„Денес сведочиме на значаен момент за инклузијата и еднаквите можности во нашата заедница. Кујтим Ибраим е првиот Египќанец кој стана член на Управниот одбор на ОУ „Братство Единство“ – Охрид. Овој чекор не е само личен успех, туку и важен пресврт во создавањето подобра иднина за сите ученици.
Неговото присуство во овој орган значи дека гласовите кои долго време беа на маргините, сега добиваат шанса да бидат слушнати. Ова е поттик за сите нас да продолжиме да се залагаме за праведност, образование без бариери и општество во кое секој има еднаква шанса за успех.
Честитки за Кујтим и за целата заедница – ова е победа за сите нас!“