ВИДЕО: Денвер без Јокиќ поразен од Спарси, Ентони Дејвис се разигра за Далас  

Кошаркарите на Денвер Нагетс претрпеа пораз на домашен терен од Сан Антонио Спарс со резултат 113-106. Нагетси на овој дуел настапија без целата стартна петорка, која доби ден одмор, а добрите перформанси на дел од резервите не беа доволни за славје над Спарси.

Никола Јокиќ и соиграчите претходната вечер имаа маратонски дуел со Минесота. Српскиот кошаркар на теренот мина 52 минути, па се очекуваше да биде поштеден за овој натпревар, како и соиграчите од првата „борбена линија“. Тоа им даде можност на играчите од клупата да се докажат, а Џејлен Пикет најдобро ја искористи својата шанса. 

Ова му беше само втор старт во кариерата, а успеа да оствари „трипл-дабл“. Пикет имаше учинок од 17 поени, 11 скока и 10 асистенции, а најдобар играч на натпреварот беше Расел Вестбрук, кој постигна 30 поени. На спротивната страна Харисон Барнс имаше 20 поени, а Крис Пол беше автор на 17 поени.

Лос Анџелес Клиперс дефинитивно се еден од најголемите добитници во зимскиот преоден рок. Оовј тим не застанува со добрата игра и ноќва рутински славеше над Њу Орлеанс со резултат 114-98.

Тимот од Лос Анџелес ја затвори ноќта во НБА лигата со импресивен триумф кој ја надополнува одличната форма во која се наоѓа. Клиперси сега имаат 12 победи во последните 15 натпревари, а избраниците на Тајрон Лу веќе се загреваат за плеј-офот, кој е пред самиот старт. Одново предводници на Клипарси беа Ленард со 28 и Харден со 21 поен, а одличен меч имаше и хрватскиот ас Зубац со 17 поени и десет скока. 

Значајна победа во битката за што подобро место во разигрувањето забележа и тимот на Далас Маверикс. Ентони Дејвис влегува во вистински ритам и го водеше тимот од Тексас до триумф над Атланта од 120-118. 

Некогашниот центар на Лос Анџелес Лејкерс заврши со 34 поени и 15 скока, а кај поразениот тим се истакна Јанг со 25 поени и 12 асистенции.