АХВ ОДЗЕДЕ ПРОИЗВОДИ СО ПОМИНАТ РОК - се продавале на пазар за стари работи, изречена казна

Објавено во: Економија 31 Март, 2025 11:43
По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на домот на возачот на возилото.
Пртитоа пронашле 34 пакети со т.н. флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено е дека пронајдените производи се со поминат рок по што, како небезбедени, биле одземени од инспекциските служби на АХВ.
Како што информира АХВ, производите биле набавени од различни магацини и се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари, како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје.
- Сторителот е казнет со парична казна од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи - наведува АХВ.
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронска на info@fva.gov.mk, или лично во Агенцијата.
Воедно од АХВ посочуваат дека досега не е пристигнато известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни - (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи.
АХВ, како што наведува, ја следи состојбата со повлекувањето супи во Германија и доколку добие известување преку овој систем, навремено ќе преземе мерки за евентуално повлекување на производи.
- До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо известување за небезбедена храна и храна за животни - (RASSF) на ЕУ дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни супи - нагласува АХВ.
Во текот на вчерашниот ден некои медиуми објавија дека Германија повлекува серии готови супи на познат бренд поради можност за присуство на метални делови.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
ДИРЕКТОР ИМ СЕ ОБРАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ СО ВИДЕО ПОРАКА: Добивате скратена работна недела и пониски плати, а ова е причината

„Бехтел и Енка“ направи добивка од 8 милиони евра од автопатите во Македонија, за вработен троши по 2.700 евра месечно

„ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“: постигнат е договор - автомобилите ќе „куртулат“ од царини

„ПРОИЗВЕДЕНО ВО ЕВРОПА“ ВСУШНОСТ ДОАЃА ОД ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК - трговската војна меѓу САД и Кина навлезе и во областа на високата мода

ПОКРАЈ УНГАРСКИОТ 4IG, УШТЕ ЕДЕН МОБИЛЕН ОПЕРАТОР, ОД РОМАНИЈА, СЕ ИНТЕРЕСИРАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА - Николовски објасни зошто е потребен трет играч на пазарот

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание

180.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА – М КЕШ ОДБЕЛЕЖУВА 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ ВО СРБИЈА ШТО ИЗДАВААТ СТАН НА ДЕН - даночната управа им испрати даночни решенија, нека ги очекуваат следниве денови
