• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ИДФ тврди дека елиминирала околу 20 терористи во Појасот Газа

ИДФ тврди дека елиминирала околу 20 терористи во Појасот Газа

Тел Авив, 5 март 2024 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во изминатите 24 часа убиле околу 20 терористи и погодиле над 50 цели на Хамас во Појасот Газа, а вклучително и лансирни рампи, складишта за оружје, тунели и друга воена инфраструктура.

- За време на операциите во западниот дел на Кан Јунис, кои траат со недели, уапсени се десетици терористи на Хамас и Исламски џихад кои се криеја меѓу цивилното население и се обидоа да побегнат од областа, објави ИДФ на Телеграм.

Војната во Појасот Газа беше иницирана од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, а беа 250 лица. Израел возврати на нападот со цел да го уништи Хамас и да ги врати заложниците.

Според здравствените власти под контрола на Хамас, досега се убиени 30.534 Палестинци, меѓу кои се цивили и борци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан