Фудбалерите на Манчестер Сити присетија на врвната форма и карактерот кој ги красеше изминатите сезони во 32. коло од Премиерлигата приредувајќи фантастичен камбек против Кристал Палас за убедлива победа од 5-2.
По само 21. минута игра „граѓаните“ имаа негатива од два гола откако мрежата ја тресеа Езе и Ричардс, а лесно можеше на семафорот да стои и резултат 0-3 доколку голот на Езе во 28. минута не беше постигнат од офсајд.
Третата затресена мрежа во првото полувреме од средбата ги свести домашните фудбалери, а камбекот го најави Де Брујне со умешно изведен слободен удар во 33. минута. Само три минути подоцна Мармуш израмни на 2-2, а со овој резултат двата тима заминаа во соблекувалната.
По само две минути игра во второто полувреме Ковачиќ го комплетираше камбекот (3-2) па продолжението од средбата беше потполно во знакот на Манчестер Сити. Мекати во 56. минута постигна гол за 4-2, а конечните 5-2 ги постави О’Рајли во 79. минута.
FULL-TIME | What a comeback!
5-2
#ManCity | @okx pic.twitter.com/Z0nuwJjxQr
— Manchester City (@ManCity) April 12, 2025