Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со брзо темпо, како што би се сакало , изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската агенција РИА. Тој рече дека е подготвен за средба со американскиот државен секретар Марко Рубио кога тоа ќе биде потребно, бидејќи како што доаде, редовната комуникација е важна за разговор за билатералните прашања и околу војната во Украина потенцирајќи дека ...

Плановите за делумна или целосна израелска анексија на Западен Брег се црвена линија, на која силно ќе реагираме со нашите европски партнери, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон на средбата во Елисејска палата со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Абас ја потврди својата посветеност на реформите во рамките на Палестинската самоуправа, вклучително и одржување предвремени избори. Тој додаде дека изборите ќе се одржат „една година ...

Најмалку десет лица загинаа, а околу 24 се повредени при експлозија на паркирано возило во близина на метро станица до познатата Црвена тврдина во индиската престолнина Њу Делхи. Експлозијата се случила во период на густ сообраќај и предизвикала пожар на неколку околни возила. Причината за експлозијата сè уште не е позната, а полицијата започна истрага. Црвената тврдина (Лал Кила) е историски споменик од 17 век, една од најпознатите туристички ...

Трамп со ултиматум до БИБИСИ- исправете ги грешките во спорниот документарец за мене официјално извинување и соодветна компензација за нанесената штета. Рокот за исполнување на барањата е петок до 17 часот по источно американско време, во спротивно ќе се соочи со судката постапка за штета од една милирајда долари се закани американскиот претседател. Британскиот јавен радиодифузен сервис призна дека во документарната емисија наречена Трамп, втора ...

Во Њу Делхи се одржа собир за мерки против загадувањето на воздухот во главниот град на Индија, кој е еден од градовите во светот со најголемо загадување. Демонстрантите излегоа на улиците со своите деца носејќи маски и држејќи транспаренти со слогани. На еден пишуваше „Ми недостига дишење“ и „Само сакам да дишам“. Тие се собраа во близина на култната Индиска порта, споменик подигнат од колонијалните власти. Во тој регион, нивото на честички PM ...