• Мартин Танасковски
Голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили, потврди дека е специјалист за пенали, а тоа на своја кожа го почувствува асот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, чиј пенал го одбрани грузискиот голман на „Сантијаго Бернабеу“.
Моментот се случи во 13. минута при резултат 0-0. На крајот, Валенсија победи со 2-1 и ја донесе првата победа на култниот стадион по 17 години. По натпреварот, голманот даде интересни детали поврзани со овој пенал.
„Се обложив со Вини во 50 евра дека ќе му го фатам пеналот. По крајот на мечот не ми даде пари“, изјави Мамардашвили.
Овој пораз може скапо да го чини Реал Мадрид, бидејќи сега заостанува четири бода зад лидерот Барселона во трката за титулатa.