11 Март, 2025
0.0321

ШЕКЕРИНСКА ЗА ЈОВАНОВ: Со ниту едно од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

За прегазувањето на Фросина Кулакова од Неготино кое се случи деновиве, со реакција се јави и заменик - генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска. 

Таа на Фејсбук објави реакција откако неколку дена кружат информации според кои се тврди дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов, осомничен за прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова, додека Обвинителството го истражувало за дрога.

„Најдиректно сакам да ги демантирам сите такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои никаква основа. Одговорно тврдам дека со ниту едно од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно! Дополнително, сите што ме познаваат, го знаат мојот став за овие прашања. Како и сите вие, и јас се плашам кога мои блиски ја поминуваат „Партизанска“ (особено кај „Силбо“). Како многумина од вас, и јас сум реагирала на беснеењето на возачите што мислат дека правилата не важат за нив и дека нашите улици се писта за нивните комплекси и покажување „сила“. И никогаш, ама буквално никогаш не сум се јавила на никој за да побарам ургенција за каква било сообраќајна грешка. Никогаш! Некои пријатели ми замериле поради тоа (што не сум „им завршила работа”), но сум стоела зад мојот став, бидејќи искрено верувам дека неказнивоста води кон повторување на делата, а тоа значи само чекор до трагедија“, објави Шекеринска.


Момчето доби 30 дена притвор. Нови протести ќе има со барање да има најстрога казна за Јованов. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претреси на повеќе локации поради сомнителни набавки на нафтени деривати, уапсени се Јахоски и Капушевски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претреси на повеќе локации поради сомнителни набавки на нафтени деривати, уапсени се Јахоски и Капушевски

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Се намалил и бројот на родени деца

ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ: Се намалил и бројот на родени деца

ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Се истражуваат кривични дела поврзани со набавка на деривати

ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Се истражуваат кривични дела поврзани со набавка на деривати

УБИЕЦОТ НА ЗЛАТАРОТ ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА: Tврди дека бил под дејство на дрога

УБИЕЦОТ НА ЗЛАТАРОТ ВАСИЛ ЕФТИМОВ ПРИЗНА ВИНА: Tврди дека бил под дејство на дрога

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛУТИ НА КОМЕНТАРОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Го нарекоа озборувач

ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛУТИ НА КОМЕНТАРОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Го нарекоа озборувач

„АКО СЕ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО, ЗА КОГО СИ, ЗА АМЕРИКА ИЛИ ЗА ЕВРОПА, НАЈДОБРО Е ДА СЕ ОДГОВОРИ СО ДОНАЛД“ - Милошоски со шега на Националниот совет за евроинтеграции

„АКО СЕ ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО, ЗА КОГО СИ, ЗА АМЕРИКА ИЛИ ЗА ЕВРОПА, НАЈДОБРО Е ДА СЕ ОДГОВОРИ СО ДОНАЛД“ - Милошоски со шега на Националниот совет за евроинтеграции

СДСМ објави тендерска афера - добивал договори од министерство каде сопругата му е втор човек

СДСМ објави тендерска афера - добивал договори од министерство каде сопругата му е втор човек

ОТПОВИКАНИ ДЕВЕТ АМБАСАДОРИ: Заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието

ОТПОВИКАНИ ДЕВЕТ АМБАСАДОРИ: Заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието