• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари

Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари

Варшава, 31 март 2025 (МИА) - Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

„Безбедноста на полското небо нема цена“, рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.

Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот „Патриот“ и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан