logo
logo
logo

Драма во Франција: Снајперисти пред ресторан, затворени улици- заложничка криза во Лил

Vecer | 11.04.2025

Драма во Франција: Снајперисти пред ресторан, затворени улици- заложничка криза во Лил

Преговорите меѓу полицијата и киднаперите се во тек, објави каналот Франс 3.

Француската полиција поради тоа го евакуираше ресторанот „Квик“, кој се наоѓа спроти зградата во која се држат заложниците, пренесоа француските медиуми.

Според каналот Франс 3, кој се повикува на изјава на претседателката на локалната власт на Лус, Ан Воатурие, станува збор за заложничка ситуација.

Воатури рече дека се уште не се знае колку заложници има во куќата спроти ресторанот „Квик“.

Според француската полициска управа (ДИПН), операцијата се уште е во тек, пренесува ТВ каналот Bfmtv.

На местото на настанот се распоредени припадници на единицата за контрола на нереди, како и тим од специјални сили и снајперисти.

Според локалните медиуми, полицијата опколила куќа на улицата Жорж Поти во Лил.

Во тој дел од Лила сообраќајот е во прекин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk