Бизнис

ОД ПОЧЕТОКОТ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ГЕРМАНЦИТЕ ГО ПЛАЌААТ ГАСОТ ЗА 80 ОТСТО ПОСКАПО

01.04.2025

Цените на енергијата за потрошувачите во Германија умерено растат. Во споредба со цените пред избувнувањето на војната во Украина, разликата во цените на гасот се огромни.

Домаќинствата во Германија плаќале во просек по 12,28 центи за киловат-час за природен гас во втората половина од минатата година, објави Сојузниот завод за статистика.

Ова е за 3,5 отсто повеќе отколку во првите шест месеци и 7,6 отсто повеќе од втората половина на 2023 година. Во споредба со втората половина на 2021 година, која се зема како референтен период пред војната на Украина и последователната енергетска криза, цените на гасот за приватните домаќинства беа за 79,8 отсто повисоки, велат статистичарите, пренесуца Сеебиз.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО