Во западниот плеј-ин за седмото место, Голден Стејт Вориорс славеше победа против Мемфис Гризлис. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 121:116 (31:25, 36:30, 27:36, 27:25).
Вориорс одлично го отворија натпреварот, но во третата четвртина за малку не го изгубија целото водство што го имаа во Оукленд.
На крајот, водени од неверојатните перформанси на Џими Батлер и Стеф Кари, успеаја да слават важен триумф и да резервираат плејоф серија против Хјустон Рокетс. Џими Батлер имаше 38 поени, седум скока и шест асистенции, додека Стеф Кари го следеше со 37 поени и осум скока, со четири асистенции. На другата страна најефикасен беше Дезмонд Бејн со 30 поени, шест скока и четири асистенции.
Орландо Меџик славеше победа против Атланта Хокс и на тој начин закажа серија против Бостон Селтикс. Орландо славеше убедлива победа со 120:95, демонтирајќи ги целосно Хокс. Интересно е што во четвртата четвртина од мечот беше исклучен и Трае Јанг.
По тоа исклучување, Хокс дополнително се распаднаа бидејќи Јанг беше единствениот кошаркар кој беше расположен за игра, а мечот го заврши со 28 поени и шест асистенции.
Во редовите на Меџик се истакнаа неколку поединци, а најефикасен беше Кол Ентони со 26 поени, три скока и шест асистенции за само 20 минути на теренот. Покрај него, вреди да се споменат Вендел Картер со 19 поени.