(ФОТО) Фановите разочарани – Од денеска повеќе нема Спорт клуб! Коментаторите емотивно се збогуваат од каналите со кои пораснавме

Регионалната спортска телевизија Спорт Клуб, со чии ТВ преноси пораснаа многумина од нас, ги брои последните часови од своето постоење и од денеска повеќе нема да постои. По 19 години успешна работа, престанува да се емитува на ТВ станиците, што разочара многу фанови.
Како што е веќе познато, со продажбата на српската компанија СББ, сите спортски содржини од Спорт Клуб се префрлаат на Арена Спорт. Ова ќе биде крај на повеќедецениската спортска приказна која го одбележа регионот, а Спорт клуб повеќе нема да постои.
Сите спортски содржини од Спорт клуб се пренесуваат на каналите на Арена Спорт. Оние кои имаа Спорт Клуб во блиска иднина треба да добијат Арена Спорт канали и таму ќе можат да ги гледаат сите содржини на кои се навикнати да ги гледаат со коментаторите на Спорт Клуб.
Тоа значи дека кошаркарската Евролига, фудбалската Бундес лига, мото спортот, Формула, целиот тениски календар и многу други содржини се префрлени на каналите Арена спорт.
Ако го погледнеме програмското соопштение на каналот Спорт клуб за утре, нема ништо во него и оваа телевизија повеќе нема да емитува содржини.


Со договорот и продажбата помеѓу Телеком Србија и Јунајтед Груп, содржината на Sport Klub престанува да се емитува за целиот регион, односно Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија. Со ова заврши долгогодишната битка за спортски ТВ-права и повеќе нема да има конкуренција.


Коментаторите на Спорт клуб со денови емотивно се збогуваат. Така кошаркарскиот стручњак Дарко Плавшиќ во солзи го одјавил последниот пренос на Црвена Звезда во Евролигата, а цела сала го извикувала неговото име.
Најпопуларното име на Спортскиот клуб, прославениот коментатор Небојша Вишковиќ, кој ја следеше целата кариера на Новак Ѓоковиќ и се наметна како најголем тениски познавач на овие простори, со големи емоции го одјави последниот пренос.
„По повеќе од 700 натпревари на Новак со овој знак СК, па вие замислете колку бодови се тоа, можеби последниот е пред нас. Велам можеби, затоа што сите се надеваме дека темнината ќе трае помалку од кариерата на Новак“, рекол Вишковиќ, кој додал дека ова „не е збогум, туку догледање“.
„Тоа е тоа. Само треба да ви кажам, во име на целиот Спорт клуб, дека беше и привилегија и чест да се дружам со вас речиси две децении. Но на крајот, не е збогум, туку догледање. Не добра ноќ, туку добро утро”, додал Вишковиќ.

Фото: Принтскрин/sportklub

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

Некои места имаат посебна енергија а Саемот на книга е токму такво место каде што …