28.04.2025 17:16
Вести Македонија Најважни

Река од луѓе, Кочани денеска мирно маршираше за своите 59 загинати ангели

Река од луѓе, Кочани денеска мирно маршираше за своите 59 загинати ангели од Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, Штип и Македонска Каменица, а кои починаа токму на 16 март во дискотеката Пулс.  Во тишина, скршени од болка и со сликите од сопствените чеда, синови и ќерки, семејствата на 59 загинати во кочанската дискотека „Пулс“ точна напладне мирно маршираа за ангелите.  Мирниот марш за 59 те ангели почна во Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција,  се упатија кон Трговскиот центар, каде што застанаа и пред кафулето на газдата на дискотеката Пулс,а потоа се упатија кон Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството. Задржувајќи се кратко пред институциите, родителите упатија прашања за одговорноста на надлежните и побараа правда за своите деца.

На транспарентите кои ги носеа семејствата и другарите и другарките на 59 загинати во пожарот во кочанската дискотека, која е најголемата трагедија во земјава во изминатите три децении пишуваше Ова не е несреќа, ова е убиство, Коруптивниот систем ги уби нашите деца. Тие порачаа дека ако сите институции си ги извршувале своите задачи до трагедијата немало да дојде. Маршот заврши на истото место од каде што и почна, а граѓаните нагласија дека ќе бараат правда за своите најмили.Во писменото известување за маршот организаторите нагласија дека тој не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката, а граѓаните кои не го прифаќаат тоа укажување не мора да се приклучуваат.

Инаку за трагедијата во кочанската дискотека осомничени се 33 лица, од кои 28 се во притвор, од нив седумина се полициски службеници, началници на СВР Штип и ОВР Кочани, како и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој пред три недели си даде оставка а истрагата се уште е во тек.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе