Како политиката „повисоко за подолго“ ќе се одрази врз банкарскиот сектор и кои се актуелните макроекономски трендови на ова поле беа меѓу централните теми на конференцијата „Трендови на индустријата за финансии и осигурување 2025“ што во вторник ја организира „Блумберг Адрија“ во Белград.
Финансискиот сектор практично беше победник на европскиот пазар на капитал, но пошироката слика сугерира дека секторот со години е под притисок од пониски каматни стапки. Оваа слика ја промени инфлацискиот шок по пандемијата, кој ги зголеми трошоците за задолжување, а потоа во средината на 2024 година започна намалувањето на каматните стапки и, во случајот со Европската централна банка, намалувањето на вишокот ликвидност. Што всушност значи принципот „повисоко за подолго“ и што очекуваат сега претставниците на секторот?
„’Повисоко за подолго‘ значи дека парите ќе ја задржат својата вредност во наредниот период, дека нема да се вратиме на негативни стапки, кои беа аномалија“, изјави Никола Вулетиќ, претседател на Извршниот одбор на „Уникредит банка“ Србија.
Откако Народната банка почна да ја олабавува монетарната политика во септември 2024 година, деловните банки следствено почнаа да ги намалуваат каматните стапки за кредитите.
На ниво на целиот банкарски сектор, приходите од провизии и од надоместоци растат континуирано.
20.02.2025
Автор: Игор Петровски
Тој додаде дека „Уникредит“ својата деловна стратегија ја заснова на растот на кредитната активност во сите полиња. „Нашата задача е да го поддржиме реалниот сектор, банките имаат ликвидност за тоа, тие заработуваат помалку од кредити од порано, но ако сакате да го зголемите вашиот биланс, треба да продолжите со кредитирањето на вашите клиенти“.
Никола Вулетиќ/ Блумберг Адрија
Зборувајќи за консолидацијата на банкарскиот пазар во Србија, Вулетиќ истакна дека во 2000 година земјата имала 84 банки, а сега се 20, што укажува дека се работи за континуиран процес што подразбира зголемена конкурентност. Ова, според него, е добро и за клиентите и за банките.
„Консолидацијата на секторот ги принудува банките да бидат подобри. Овие процеси ќе продолжат и во следниот период бидејќи е сè потешко да се одржи профитабилноста и да се создаде ефикасен деловен модел, бидејќи одредени работи бараат големина, регулаторната рамка е посложена, инвестирањето во сајбер вклучува милиони … Исто така, постои и прашањето за „know how“ – треба да се биде во тренд или пред времето затоа што нештата брзо се менуваат.
Претседателот на Извршниот одбор на „Банка Интеса“ од Белград, Дарко Поповиќ, обрати внимание на фактот дека во Европа има 6.000 банки, а меѓу 25-те најголеми светски банки нема ниту една од ЕУ. „Европа, ако сака да ги продолжи политиките на ЕУ, треба да има финансиски институции кои се конкурентни. Повеќето пазари многу се консолидираа, а правилата на слободната економија важат до одреден момент – во ЕУ гледаме политика што се меша со правилата во финансискиот сектор.
Дарко Поповиќ/Блумберг Адрија
Тој потсети дека пред една година имаше предупредувања на реалната опасност дека падот на каматите нема да биде според очекувањата, туку помал. „Падот на приходите од камати ќе биде помал отколку што го буџетиравме во декември кога имавме различни претпоставки“, рече Поповиќ.
Александар Богдановиќ, претседател на Извршниот одбор на „Јетел банка“, истакна дека моделот „повисоко за подолго“ значи и малку повисоки каматни стапки за клиентите – не само на кредитите, туку и на заштедите, што може да биде добра можност.
Според него, иако „Јетел“ навистина ги разгледува опциите за преземања и спојувања, тие решиле да растат органски. Тој изјави дека за банкарскиот сектор генерално, поттик за преземање може да биде и дигитализацијата, која во последно време сè повеќе ги наметнува сопствените деловни правила, заедно со очекувањата на сопствениците на капиталот за повратот што го очекуваат од нивните пари.
Александар Богдановиќ/Блумберг Адрија
Богдановиќ изјави и дека очекувањата во моментов се насочени кон тоа дека зелената агенда и принципите на ЕСГ генерално ќе бидат помалку важни во наредниот период поради сегашните потези на САД, но дека тие сигурно нема да исчезнат како такви.
Вулетиќ нагласи дека во разговорите со корпоративни клиенти често поставуваат прашања дали планираат да преземат некоја компанија во регионот, што претходно не беше случај во домашниот банкарски сектор. „Пред 10 години не можевте да одите да купите нешто како српски бренд, а денес можете да отидете во неколку банки и да финансирате експанзија во регионот. Јас го поддржувам тоа бидејќи мислам дека сите локални економии се недоволно големи“.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Говорниците се согласија дека персонализацијата на услугите во финансиската индустрија станува сè поважна, но и дека каматните стапки – и на домашно и на глобално ниво – ќе останат покачени до крајот на годината, додека централните банки ќе продолжат да дејствуваат внимателно и одговорно поради многу фактори кои се надвор од нивна контрола.
„Е и ППФ Телеком“ постигна договор за купување на 100 отсто од акциите на „Јунајтед Србија Броудбенд“ (United Serbia Broadband - SBB) за 825 милиони евра.
„Тему“ и „Шејн“ забележаа раст на нивната продажба во март и април во САД бидејќи купувачите складираат резерви од секакви производи пред новите царини за мали пратки.
Договорот ѝ дава пристап на АЕП до развојно финансирање за првата фаза на штипскиот ветерен парк, кој треба да започне да се гради подоцна во 2025 година.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.