Македонија трибина

Мисајловски: Продолжуваме да ги јакнеме националните капацитети, да вложуваме во одбраната, да ги зацврстуваме партнерствата со сојузниците

Денеска во Домот на Армијата присуствував и се обратив на трибината по повод пет години од членството на Македонија во најголемиот воено-политички сојуз НАТО Алијансата, во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Здружението на ветераните и резервистите од областа на одбраната и безбедноста, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Овој јубилеј ja рефлектира нашата посветеност како држава кон колективната безбедност, заедничките вредности и принципи за мир и демократија. Продолжуваме да ги јакнеме националните капацитети, да вложуваме во одбраната, да ги зацврстуваме партнерствата со сојузниците и да придонесуваме во регионалната и глобалната безбедност и стабилност, затоа што заедно сме посилни, истакна Мисајловски.

To top