Во живо: Протест на семејствата на загинатите денеска во Кочани!

Семествата на загинатите од трагедијата во Кочани денеска организираат протест под мотото „задоцнета реакција“. На протестот семејствата на жртвите ја повикаа целата држава, да ја сподели нивната болка и заедно да побараме правда за 62 прерано одземени животи.

Ова не е прв протест во Кочани по трагедијата која се случи на 16 март, а во која животот до овој момент го загубија 62 лица.

Повеќе од 200 лица беа повредени, над 50 од нив се уште се лекуваат на клиниките надвор од земјава.

Back to top button
Close