Брера ја освои Битола, хет-трик на Ѓорѓиевски за убедлив Силекс, Вардар во 93. минута спречи пораз од Тиквеш (ВИДЕО)

Шкендија и Силекс ја продолжуваат очигледно битката за шампионската титула сезона, доаѓајќи до убедливи победи во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Густо ќе биде во битката за опстанок, откако АП Брера среде Битола го победи Пелистер кој оди кон опасната зона, а Вардар и Тиквеш ремизираа на дуелот во Скопје.

Шкендија во Тетово, на дуелот кој се одигра без навивачи поради казната на црвено-црните, победи со 4-о против Воска Спорт со головите на Адеми во 32. минута, Тамба во 37. минута, Бесарт Ибраими во 53. минута и Каба во последните секунди од средбата.

Силекс, пак, ја запиша најубедливата победа на денешните дуели, триумфирајќи со 5-0 против Беса. А, најзаслужен за победата беше Марко Ѓорѓиевски кој запиша хет-трик на дуелот.

Силекс уште во 2. минута го отвори резултатот. Ади Алиќ одлично реагираше во гостинскиот шеснаесетник и по само 108 секунди игра постигна гол за предност од 1-0 на Силекс.

Потоа во 32. минута и Дарко Додев постигна убав гол за 2-0 со шут од 15 метри, а Марко Ѓорѓиевски во 45. минута од пенал стрелаше за 3-0. Во второто полувреме уште два гола на Ѓорѓиевски во 57. и во 82. минута за конечни 5-0.

Вардар успеа да се спаси од пораз на дуелот со Тиквеш со гол во 93. минута за конечни 2-2. Најпрво во првото полувреме Садик во 41. минута ги донесе гостите до водство, но Закариќ израмни во 45. минута. Во вториот дел Тиквеш повторно имаше предност со голот на Мишов во 53. минута, но „вардарци“ дојдоа до бод во 93. минута со погодокот на Сенгор за конечни 2-2.

Гостивар триумфираше со 3-1 против Шкупи на дуелот во Скопје. Шкупи прв поведе на гостувањето со 0-1, благодарение на феноменалниот погодок на Демир Имери директно од слободен удар откосо од 20 метри, уште во 5. минута од средбата.

Домашните потоа брзо успеаја да израмнат со голот на Дарко Глишиќ во 11. минута, а пресвртот го донесе Ли Ервин со голот во 70. минута од натпреварот. Конечните 3-1 ги постави Ајдини со голот во првата минута од судиското продолжение.

АП Брера дојде до значајна победа од 1-2 на гостувањето против Пелистер во Битола. Струмичани поведоа благодарение на извонредниот погодок на Ѓоргиевски во 38. минута.

Потоа, во второто полувреме Ндзенгуе погоди во 70. минута за 0-2.

„Пелистерци“ во финишот со голот на Трајкоски само успеаја да го ублажат поразот за конечни 1-2.

На дуелот во Скопје, Работнички загуби од Струга ТЛ со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за стружани беше Укпа во 54. минута од средбата.


ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО
Битола: ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА 1-2
Трајкоски 90’+2 – Ѓоргиевски 38′, Ндзенгуе 70′
Скопје: ГОСТИВАР – ШКУПИ 3-1
Имери 5′, Ли Ервин 70′, Ајдини 90’+1 – Глишиќ 11′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-1
Укпа 54′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 4-0
Адеми 32′, Тамба 37′, Ибраими 53′, Каба 90’+4
Кратово: СИЛЕКС – БЕСА 5-0
Алиќ 2′, Додев 32′, Ѓорѓиевски 45’+1, 57′, 82′
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-2
Закариќ 45′, Сенгор 90’+3 – Садик 41′, Мишов 53′

Се вчитува...